ПРОМА: Промоција на интеграцијата на жената Ромка
Проектот ПРОМА (бр. 2020-1-RO01-KA204-080214) се фокусира на образованието на возрасните со цел да се поттикне интеграција на жените Ромки во нивните локални заедници преку образованието. ПРОМА ќе се спроведува во четири земји со поголем број на ромско население (Романија, Шпанија, Грција, Северна Македонија) и ќе вклучува две различни групи учесници, жени ромки и формални и неформални воспитувачи/едукатори кои ќе работат со жените ромки.
