Проектот ПРОМА (бр. 2020-1-RO01-KA204-080214) се фокусира на образованието на возрасните со цел да се поттикне интеграција на жените ромки во нивните локални заедници преку образованието.

Контектс

Ромската заедница се смета како една од социјално најранливите групи на ниво на ЕУ, кои се изложени на ризик од повеќе кратна маргинализација и дискриминација од пошироката јавност. Жените ромките обично страдаат од она што во академската библиографија се нарекува двојна дискриминација: заради нивното културно наследство и затоа што се жени.

Состојбата на жената ромка е далеку полоша во споредба со мажите роми на сите нивоа кои влијаат  на социјалната интеграција (образование, вработување, економска состојба, услови за живот). Индикативно, врз основа на податоците од ФРА, повеќе жени отколку мажи не можат да читаат или пишуваат, а разликата во стапките на неписменост меѓу мажи и жени над 16 години од целото население е од 12% во Романија, 8% во Шпанија и 12% во Грција. Што се однесува до вработувањето, врз основа на FRA, мажите роми се константно поактивно вклучени во вработувањето, во споредба со жените ромки. Во сите испитани земји, двојно повеќе  мажи роми биле вработени од жените ромки. Слична е состојбата и за Северна Македонија. Според Стратегијата за Ромите во Република Македонија 2014-2020 година, невработеноста кај Ромите е скоро двојно поголема од националниот просек, па дури и поголема кај жените ромки. Истото е и за образованието, иако завршувањето на основното и средното образование е задолжително со закон, забележителни отстапувања има кај девојчињата Роми.

Цели

ПРОМА се фокусира на образование на возрасни  со цел да ја поттикне интеграцијата на жените ромки во нивните локални заедници преку образование и тоа во форма на практични локални програми, што е главната цел на проектот. Специфичните цели вклучуваат:

а) искористување на конкурентските предности и социјалните средства за промоција на локалното население во сите 4 земји каде што се спроведува проектот;
б) градење на капацитетите на формални и неформални воспитувачи/едукатори на жени ромки;
в) дизајнирање и спроведување на локални пилот-програми кои имаат за цел социјално вклучување на жените ромки преку заедничка едукација од страна на едукатори и жени ромки.

Активности

ПРОМа ке се имплементира во 4 држави со поголем број на Ромско население ( Романиа, Шпанија, Грција и Цеверна Македонија) и вклучува 2 групи на учесници: Формални и неформални жени ромки едукатори (40 ромки едукатори) како и 100 жени ромки кои ќе бидат вклучени во следните активности:

– Идентификување на можности и начини на интеграција (анализа на потреби)
– Развој на програма за градење на капацитети за формалните и неформалните едукатори кои ќе работат со жените ромки
– Пилот испорака на програмата за градење на капацитети за формални и неформални воспитувачи кои ги поддржуваат жените ромки.
– Дизајн и имплементација на пилот-програми кои имаат за цел интеграција на жените ромки на локално ниво.
– Покрај тоа, ќе бидат спроведени 3 отворени денови (во Шпанија, Грција и Северна Македонија), како и  меѓународна конференција (во Романија) за презентација на проектот на  пошироката јавност.

Резултати

Очекувани главни резултати од ПРОМА се:

– Воведувањето на  иновативна методологија за поттикнување на социјална вклученост на жените Ромки, користејќи го образованието за возрасни како средство, следејќи го локалниот контекст и промовирајќи локални пилот-програми заеднички дизајнирани и спроведени од жени ромки и формални и неформални едукатори на жени ромки.

– Ќе се развијат вештините на 40 формални и неформални едукатори на жени ромки во 4-те земји каде што се спроведува проектот, поточно методологијата за социјална вклученост на жените ромки.
– Најмалку 100 жени ромки од 4те земји каде се имплементира проектот, ќе ги подобрат своите вештини и компетенции со учество во локалните пилот-програми.
– Локалните пилот-програми кои имаат за цел социјална вклученост на жените ромки преку образование ќе бидат спроведени заеднички од страна на едукатори и жени ромки во 4-те земји што го спроведуваат проектот.

Очекувани резултати од проектот и предвидено влијание:

– Формалните и неформалните воспитувачки ромки се опремени со нова методологија и обучени со цел подобро да одговорат на  посебните образовни предизвици со кои се соочуваат ромките,  подобрувајќи ја  нивната интеграција во локалните заедници.
– Ромките се повеќе ангажирани во следење на иницијативите за образование на локално ниво со цел нивно социјално вклучување, како и зголемување на своите вештини и компетенции.
– Нивото на прифатеност на жените ромки каде што се спроведува проектот е подобрено и има намалување на случаите на расистички или фобични појави против Ромите.
– Се покачи нивото на социјална кохезија во локалните заедници каде што се одвиваа локалните пилот-програми а воедно се  зголеми нивото на интеграција на жените ромки во тие заедници.

The European Commission’s support for the production of this publication does not constitute an endorsement of the contents, which reflect the views only of the authors, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.